restore - онтологија

возобнови повеќе

возобноват
Вид збор: Глагол, свршен
Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед.
Албански: ripërtritje, restaurim
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Селаните ја возобновија старата црква.

обнови повеќе

обноват
Вид збор: Глагол, свршен
Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато.
Албански: restauroj
Примери:
Селаните го обновија разурнатиот манастир.
(се обнови) Се врати во поранешната состојба.
Албански: kthehet
Примери:
Здравјето ми се обнови по престојот на село.

реставрира повеќе

реставрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува реставрација.
Француски: restaurer Албански: restauroj
Примери:
Неговата група ја реставрира разурнатата стара црква.